„Кинескиот цар да дојде пешки… Дијаз и Олис нема да мрднат од Минхен“

Баерн Минхен нема намера да се раздели од најголемите ѕвезди на својот тим, без разлика колку при ќе бидат понудени. Ули Хенес се уште е човекот што стои зад важните одлуки во управата на баварскиот гигант, а легендата на Баерн јасно стави до знаење дека Луис Дијаз и Михаел Олис ќе останат на „Алијанц Арена“, без оглед на понудите што ќе пристигнат.

Олис за време на мундијалот беше поврзуван со Реал Мадрид, додека Дијаз е голема желба на Ал Хилал, но одговорот на Хенес е ист и за двете ситуации.

„Ми беше забавно летово. Читав како Реал го сакал Олис, а кога тие сакале некого, секогаш и успевале да го доведат. Нема да верувате колку се смеев кога го прочитав тоа… Веќе реков, секој може да посакува секого, но факт е дека Олис е фудбалер под договор со Баерн, исто како и Луис Дијаз. Може кинескиот цар да дојде пешки до Минхен, може да ни понудат колку сакаат пари, овие двајца фудбалери не мрдаат одовде“, дециден е во својот став Ули Хенес.

Се вчитува...