Кинезите го носат и „големиот“ Диего Марадона

Кинеската инвазија на светскиот фудбал не ги вклучува само големите асови на денешницата, туку и легендите на овој спорт ширум светот. Доказ за тоа е и интересот што Кинезите го искажуваат кон Диего Марадона, кој би требало да се пресели на Далечниот Исток.

Секако, Марадона не би се вратил на терените, туку би помогнал во едукацијата на младите кадри. Како една од работните задачи што е подготвена за Аргентинецот е посета на училиштата ширум државата, држење часови по фудбал и уште поголема популаризација на овој спорт во земјата со најмногу жители во светот.

Ја анализиравме ситуацијата, истите луѓе кои го однесоа Карлос Тевез во Кина сега се многу заинтересирани за Диего. Не само што преговорите почнаа, туку и се во напредна фаза. Како што знаете, Марадона има договор во Дубаи, но Кинезите разговараат и со неговите газди за да биде најдено решение. Мое мислење е дека Диего сигурно ќе заврши во Кина, најдоцна кон крајот на годинава“ – изјави Матијас Морла, адвокатот на Марадона.

Се вчитува...