Кинеските власти се пофалија дека направиле огромен чекор напред кон пронаоѓање на лек што ќе ја помогне во што побрзо решение на светската криза со коронавирусот. Жанг Чингминг, кој е прв човек на Центарот за Биотехнологија на Министерството за Наука и Технологија на Кина, објави дека се извршени успешни тестирања на лекот Фавипивир, кои покажале задоволителни резултати врз заболени лица од ковид-19 вирусот.
Најдоброто во оваа вест е што станува збор за веќе постоечки лек, бидејќи Фавипивир е одобрен за продажба на јапонскиот пазар уште во 2014 година и засега нема проблематични странични ефекти. Според информациите од кинеските власти, кај пациентите лечени со овој лек е забележано значително подобрување на состојбата, многу побрзо во однос на оние кои се лечеле со поинакви третмани.
Кај пациентите третирани со Фавипивир се добиени негативни тестови за коронавирус само четири дена по почетокот на третманите, додека кај останатите групи биле потребни најмалку по десет дена за рехабилитација од болеста.
„Со оглед на безбедноста, ефикасноста и достапноста на лекот, сметаме дека Фавипивир треба што поскоро да биде вклучен во лекувањето на што повеќе пациенти инфицирани од коронавирус“, се вели во соопштението на Центарот за Биотехнологија на Министерството за Наука и Технологија на Кина.
Фавипивир е лек што беше првично произведен од јапонската корпорација Фуџифилм Холдингс, првично за лекување од грип, а акцент е ставен на подобрување на респираторните функции на луѓето.
Chinese researchers have completed clinical studies of favipiravir on 80 patients, which shows promising clinical efficacy in treating the #COVID19. Patients treated with the drug recovered more quickly and their lung conditions improved better than patients in the control group. pic.twitter.com/nFRCLitqL9
— China Science (@ChinaScience) March 18, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА