Кинезите веќе немаат пари за Интер: За две години загубиле 13 милијарди евра

Интер наскоро би можел да добие нови сопственици откако беше обелоденето дека семејството Жанг претрпело огромни финансиски загуби и веќе нема доволно средства за да раководи со италијанскиот фудбалски гигант.

Во извештајот на „Хурун“ се наведени најбогатите лица во Кина и сумите со кои овие мултимилијардери располагаат, при што евидентен е големиот пад кај Жанг, кој за две години загубил неверојатни 13 милиони евра. Кинеските власти се уште имаат строги антиковид мерки од кои бизнисите на Жанг трпат сериозни загуби, а се очекува во наредните месеци газдите на Интер да останат без уште неколку милијарди евра.

Во една таква ситуација, раководење со фудбалски клуб е вистински луксуз и Кинезите активно бараат купец за Интер. Неколкуте заинтересирани корпорации се откажаа откако Жанг побара 1,2 милијарди евра за мнозинскиот пакет акции, но се очекува до крајот на годинава да се интензивираат разговорите и не се исклучува можноста „нероаѕурите“ во 2023 година да влезат со нови сопственици.

Се вчитува...