Кинезите во нов напад: 150 милиони евра за Борусија Дортмунд, 80 милиони евра за Обамејанг

Неверојатните финансиски понуди од Кина продолжуваат да пристигнуваат на адреса на најдобрите светски фудбалери. Најновата е за Пјер Емерик Обамејанг, напаѓачот на Борусија Дортмунд и еден од најбрзите играчи во светот. Кинескиот клуб Шангај СИПГ е подготвен да постави нов рекорд меѓу трансферите со евентуален ангажман токму на Обамејанг.

На клупата на Шангај СИПГ седи португалскиот стратег Андре Вилјаш Боаш, а тој многу добро ги знае квалитетите на Обамејанг, па подготвен е да исплати 150 милиони евра отштета на Борусија Дортмунд и дополнителни 80 милчиони евра за самиот фудбалер. Во таков случај, Обамејанг би заработувал 800.000 евра неделно, и би го урнал сегашниот рекорд на Карлос Тевез, кој се пресели во Шангај Шенхуа и има неделна плата од 735.000 евра.

Шангај СИПГ претходно успеа да го купи Бразилецот Оскар од Челси за сума од 60 милиони евра, а во овој клуб игра и Хулк, бразилскиот интернационалец кој беше дело од Зенит Санкт Петербург.

Се вчитува...