Кипарците со нов прекар за Јаневски – МАГИОНИЧАРОТ, а тој скромно: „Само го работам тоа што го знам!“

Поранешниот македонски селектор и едно од најголемите македонски фудбалски имиња, Чедомир Јаневски има феноменален почеток на клупата на кипарскиот АЕЛ Лимасол.

Во првите пет меч на чело на АЕЛ, македонскиот стратег буквално го воскресна клубот со четири победи и само едно реми, и освоени 13 од можните 15 бода. Беше доведен да го спаси клубот, а за само пет кола го донесе до водечките клубови на табелата.

Откако кипарските медиуми веќе му дадоа нов прекар – МАГИОНИЧАРОТ, Јаневски, како и секогаш добро препознатливо скромен, вели дека само го работи тоа што го знае

„Не сум јас магионичар. Само заедно со својот тим и со фудбалерите го работиме тоа што треба. Само го работам тоа што го сакам и го знам. Напорно работиме секој ден. Овој тим има квалитет и ќе продолжиме да работиме уште подобро затоа што знаеме дека не смееме да летнеме во облаци, мора да се остане цврсто на земја“ – вели Јаневски.

Сега ќе биде уште потешко затоа што фокусот на другите клубови ќе биде кон АЕЛ, влегувајќи без потценување во меѓусебните пресметки.

„Знаеме дека не чека долга и напорна сезона, па одиме од натпревар на натпревар. На секој следен меч мора да се пристапи сериозно, само така може да продолжиме со успесит“ – истакнува македонскиот тренер.

Се вчитува...