Кире и Борко со „коктел забава“ во Барселона си ја прославија новата титула (ФОТО)

Барселона сосема очекувано стигна до нова титула во АСОБАЛ лигата… Сето тоа, вообичаено, каталонскиот тим го прослави со „коктел забава“ во Барселона за сите свои членови, блиски пријатели и деловни партнери.

Секако меѓу нив и македонските репрезентативци Кирил Лазаров и Борко Ристовски, кои имаа и тоа како значајна улога во новата шампионска круна на Барса.

Barsa proslava

Кире Лазаров оваа сезона стигна и до бројката од 950 погодоци во АСОБАЛ лигата постигнати во изминатите седум години во кои настапуваше прво за Сиудад реал и за Атлетико Мадрид, а во изминатите четири години во дресот на Барселона.

Се вчитува...