Кире Лазаров добива нов договор од Нант

Кире Лазаров ја минува својата втора сезона во дресот на Нант, наметнувајќи се како лидер на овој француски прволигаш, како во домашното првенств, така и во Лигата на шампионите. Македонскиот „бомбардер“ пристигна во Нант од Барселона и не се сомнева дека ја донел вистинската одлука, па во изјава за француските медиуми обелодени и дека во тек се преговорите за продолжување на соработката.

„Веќе се водат тивки разговори со Андреј Голиќ, верувам дека наскоро се ќе биде средено. Она што можам да го кажам во моментов е дека го сакам Нант, ова е одличен клуб со европски амбиции. Исто така, и моето семејство се адаптираше на животот во Нант, моите деца почнаа без проблеми да зборуваат француски“ – изјави Лазаров.

Во таборот на Нант се задоволни од игрите на Македонецот, па и раководството на европскиот вицешампион не крие дека сака да го задржи Лазаров во своите редови.

„Годините не се проблем, сакаме да ја продолжиме соработката со него“ – вели претседателот на Нант, Гаел Пелетие.

Се вчитува...