Кире Лазаров ефикасен во победата на Нант против Ним

Кире Лазаров со екипата на Нант обезбеди пламсан во четвртфиналето во Лига Купот во Франција, по триумфот против Ним со 37-30.

Нант имаше минимална предсност по првото полувреме (18-17), а потоа со серија од 3-0 на стартот од второто полувреме ја зголемија предноста на 20-17 и задржаа доминација до крај.

Кире Лазаров постигна шест гола од девет обиди, исто толку погодоци имаше и Никола Турна, а најефикасен во составот на Нант беше Давид Балагуер со девет гола.

Се вчитува...