Кире Лазаров го растури и Целје

Кире Лазаров по одличниот настап и деветте гола против Сесон, во сличен ритам продолжи и на денешниот дуел против Целје, што неговиот тим Нант во рамките од петтото коло од Лигата на шампионите го доби со убедливи 38-27..

Нападот на францускиот состав функционираше беспрекорно, а најзаслужен за тоа беше токму Лазаров, кој со седум погодоци ја предводеше листата на стрелци.

Македонскиот „бомбардер“ се наоѓа во топ-форма во пресрет на новиот репрезентативен собир и стартот на квалификациите за ЕП 2020, во кои „црвено-жолтите“ на 25 октомври во Битола ќе ја пречекаат Турција, а три дена подоцна ќе следи и гостување против селекцијата на Грција.

Се вчитува...