Македонија со едната нога веќе е на Светското првенство 2027 во Германија, откако нашите ракометари славеа убедливо, со седум гола предност на гостувањето во Словачка и широко си ги отворија мундијалските порти.
И самиот македонски селектор Кире Лазаров, по мечот вели дека не очекувал толку висока победа, но момците го заслужија тоа со целиот свој ангажман низ тренинзите деновиве.
„Честитки за ангажманот на ракометарите. Искрено, не очекував толку висока ПОБЕДА. Како и да се вика противникот гостински терен е гостински терен и поготово кога се игра против национална селекција. Но, момците имаат добра атмосфера, и не се сомневам дека на добро издание и во недела“ – истакна Кире Лазаров.
Во недела, 17 мај, во Скопје се игра реванш пресметката на која треба да се потврди местото на СП 2027.
„Заслужија момците со игрите во последниот период голема поддршка во недела. Ќе се одмориме малку и ќе се подготвиме повторно максимално за в недела“ – вели Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
