Кире Лазаров: Претседател како Мукаетов тешко дека ќе најдеме…

Кире Лазаров на прес-конференцијата по натпреварот имаше пофални зборови и за раководството на РФМ на чело со Живко Мукаетов, потенцирајќи ги екстра-условите што репрезентаацијата ги има од самото доаѓање на успешниот бизнисмен на чело на куќата на ракометот.

Според него, промена во федерацијата би значела и паѓање на организациското ниво, кое во моментов е на највисока можна граница.

„Почитуваниот господин Живко Мукаетов, таков претседател во вакво време, во вакви услови кои што ги имаме, личиме на модерна европска репрезентација, тешко дека ќе најдеме. Доколку се случи нешто ново, без никакво потценување на новиот, мислам дека ќе падне нашето нивото, организациски и сите услови кои ги имаме со чартери и со сите други работи. Ако се прашувам лично јас како селектор и играч, сум презадоволен, имаме од нивна страна од целото раководство, на чело со господинот Мукаетов максимални услови. Само треба да напредуваме играчки за да расте репрезентацијата не само организациски“, истакна Лазаров.

Се вчитува...