Кире Лазаров во идеалниот тим на стартот од квалификациите

Македонија почна со слаби игри во новиот квалификациски циклус, но Кире Лазаров вообичаено е на висина на задачата. Затоа, нашиот капитен неслучајно е избран како најдобар десен бек, во идеалниот тим за првите две кола од квалификациите за ЕП 2020.

Тој беше најдобар стрелец и во победата против Турција, потоа и во поразот од Грција, обезбедувајќи си го местото во идеалниот тим на почетокто од овој циклус.

Португалецот Квинтана е избран за најдобар голман, Чехот Хрстка за најдобро лево крило, а крај Лазаров во бековската линија се уште двајца ракометни великани, Микел Ханен и Анди Шмид. На позицијата десно крило се наоѓа Данил Шишкарев од Русија, додека најдобар пивот во првите две квалификациски рунди беше Унгарецот Банхиди.

Се вчитува...