Кире Маркоски дополнително повикан во фудбалската репрезентација на Македонија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски дополнително го повика Кире Маркоски за преостанатите два натпревари од овој квалификациски прозорец за Светското првенство 2022 година во Катар против Исланд на гостински терен и Романија дома.

Очигледно на вчерашниот натпревар против Ерменија имавме проблеми во завршницата од нападите, па поради тоа селекторот Милевски дополнително го повика фудбалерот на Шкупи, кој треба да помогне токму во оваа фаза од играта.

Кире Маркоски досега има забележано пет настапи за А-тимот, а еднаш се запиша во листата на стрелците.

Се вчитува...