Кире Маркоски пред „кам-бек“ во Работнички

Повремениот репрезентативец Кире Маркоски, би можел да го засили тимот на Работнички, дознава ЕКИПА. Маркоски денеска бил на тренингот на „романтичарите“ и се очекува во следните денови да биде комплетиран „кам-бекот“ на Маркоски, кој беше дел од овој тим во минатото.

Маркоски беше во Работнички до 2018 година, а потоа играше за АЕЛ Лимасол, па во Спартак Трнава, во Карвина, а потоа играше за Шкендија, Шкупи и Академија Пандев. По завршувањето на минатата сезона го напушти тимот од Струмица.

Кире Маркоски одигра пет меча за македонската репрезентација, и постигна еден гол против Норвешка на домашен терен во 2017 година. Тој беше дел од онаа златна генерација на младата репрезентација која играше на ЕП во Полска во 2017 година.

Се вчитува...