Кире Маркоски пред потпис со Шкендија

Кире Маркоски ќе биде најверојатно новото засилување за тетовска Шкендија, дознава ЕКИПА. Сегашниот играч на Шкупи ќе се пресели во Тетово и ќе го засили нападот на шампионот, откако веројатно пропаѓа можноста за албанскиот репрезентативец Одисе Роши да биде засилување за „црвено-црните“.

Маркоски би требало вечерва или утре да се приклучи на Шкендија во Анталија, и да стави параф на договорот со тетовскиот тим.

Во минатото Маркоски играше за Работнички, Академија Пандев, а беше дел и од Спартак Трнава, Карвина и Аел Лимасол.

Се вчитува...