Кире на гости кај Борко во Лисабон

Борко Ристовски кој летово се пресели од Барселона во Лисабон како капитално засилување на голот на Бенфика, своето деби за потругалскиот тим ќе го има вечерва и тоа против Нант со Кире Лазаров. Европскиот вицешампион е на гости во Лисабон и со Бенфика ќе одиграат пријателски натпревар во склоп на подготовките за новата сезона.

Пред дуелот, двајцата македонски репрезентативци беа во фокусот на вниманието и го најавија натпреварот на прес-конференцијата во Лисабон.

Во оваа фаза од подготовките ваков натпревар е многу важен, посебно за млад тим како нашиот. Ќе играме против еден од најдобрите тимови во Европа кој има извонредни играчи на секоја позиција и тоа ќе биде одличен тест за сите нас“ – изјави Борко Ристовски во најавата пред денешниот дуел со Нант.

Кире Лазаров беше претставник на францускиот тим заеднио со тренерот Тиери Анти. Македонскиот капитен во дресот на Нант, изрази задоволство што ќе се сретнат со Бенфика и со Борко во овој подготвителен период.

„Среќен сум што сум тука, што играме во Португалија и што ќе се сретнам со мојот пријател Борко. Ние се познаваме долго време, заедно играме во македонската репрезентација и се радувам што сме заедно овде“ – рече Кире Лазаров, дополнувајќи дека за Нант ова ќе биде добар тест во подготовките пред новата сезона.

„Ќе се соочиме со Бенфика кој е одличен тим. Во претстојната сезона не очекуваат тешки натпревари во француската лига и во Лигата на шампионите и овој натпревар со Бенфика ќе ни биде добар тест“ – истакна Лазаров.

Натпреварот Бенфика – Нант се игра денеска во 18 часот во „Павиљон да Луз“ во Лисабон.

Се вчитува...