Македонскиот репрезентативец Кире Ристевски е слободен и без клуб, откако го раскина договорот со кипарски АЕЛ Лимасол. Клубот од Кипар денеска објави дека во заеднички договор, е прекината соработката.
Ристевски мина во АЕЛ само една цела сезона, откако лани од Ујпешт се пресели на Кипар.
„Ја информираме јавноста дека заеднички го раскинавме договорот со Кире Ристевски. Му благодариме на неговиот придонес, и му посакуваме се најдобро во кариерата“, се вели во соопштението од АЕЛ.
Во минатото Ристевски беше дел од Ујпешт, Вашаш, Работнички, Тирана, Славија Софија, Билис Балш, Елбасан и Пелистер. За македонскиот национален тим има одиграно 57 натпревари, и во моментов е трет по бројот на настапи после Трајковски и Алиоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА