Кирјос повторно со напад кон Ѓоковиќ – Без разлика на се тој на крајот е губитник

Еден од најконтроверзните тенисери на денешницата Ник Кирјос повторно го нападна првиот рекет во светот Новак Ѓоковиќ. На објавата на новинарот на „Њујорк тајмс“ Бен Ротенбег дека Новак може да ја заврши 2020 без пораз, нормално со свој став се јави и Австралиецот.

„Фантастичен тенисер. Можеби 2020 ќе ја заврши без пораз, тоа никој не може да му го земе. За жал, кога требаше да покаже лидерски вештини и хуманост исчезна. Многу ќе кажат дека без разлика на се тој е губитник“, напиша Кирјос. 

Кирјос одлучи да не отпатува во САД бидејќи не е сигурен за своето здравје и во моментов најдобра опција е да остане во татковината.

Се вчитува...