Кирјос се повредил додека бркал крадец кој го украл автомобилот на мајка му

Ник Кирјос нема да настапи на Ролан Гарос, но не поради операција на коленото, како што беше првично кажано, туку операција на стапалото, кое беше повредено во напливот на адреналин во брканицата по човекот кој му го украде автомобилот пред неговата куќа.

Неговиот агент ја потврди оваа верзија на приказната, пренесуваат светските медиуми. На почетокот на месецов мајката на Кирјос била цел на разбојник кој со пиштол и го украл автомобилот пред нејзината куќа во Канбера и побегнал.

„Во инцидентот што се случи на 1. мај, напаѓачот беше пред нивната куќа. Поради се што се случи, во одреден момент, не знае како, Ник го повреди левото стапало. Практично, тоа го врати две и пол недели од планираното враќање на теренот, за кое мислевме дека ќе биде на Ролан Гарос“, вели агентот на тенисерот.

Се вчитува...