Кит Го добива супер засилувања: Кудев и Николовски на отстапница од Брегалница

Младите фудбалери на ФК Брегалница, офанзивецот Љупче Кудев и десниот бек Анџело Николовски до крајот на есенскиот дел од актуелната сезона ќе бидат на отстапница во второлигашот Кит Го од Пехчево кој добива одлични засилувања за настапите во Втората лига – Исток.

„Низ взаемен договор со фудбалерите, а единствено во интерес на дополнителниот фудбалски развој на едни од најголемите таленти на „сините“ одлучено е Кудев и Николовски да се приклучат на амбициозниот Кит Го каде ќе имаат засилена минутажа неопходна во континуираниот персонален напредок. Брегалница сосема јасно иднината на клубот ја темели на сопствените фудбалски изданоци. Токму поради тоа неопходна е апсолутната минутажа на терен како основа за вистинската фудбалска изградба, која е важна и за двајцата наши фудбалери“ – информираат од ФК Брегалница.

Младинскиот репрезентативец Љупче Кудев, кој игра на деснокрилната офанзивна позиција, е роден на 7.12.2003, a десниот бек Анџело Николовски, кој е роден на 10.11.2001 година, и претходно до јуни 2020 година настапуваше во редовите на Кит Го.

Се вчитува...