Новиот второлигаш од Пехчево, ФК Кит Го славеше уште една победа на пријателските натпревар низ подготвителниот период за новата сезона.
Во извонреден амбиент на стадионот во Пехчево, пред околу 500 навивачи, Кит Го славеше против српскиот прволигаш Трајал од Крушевац со 1-0.
Стрелец на единствениот погодок за пехчевци беше Мартин Стојанов во 25. минута, кој игра во извонредна форма за време на подготвителниот период. Се работи за извонреден млад потенцијал кој се повеќе се наметнува и за настап во младата репрезентација на Македонија.
Следниот пријателски натпревар на Кит Го е против Борец Велес, на 25. јули, исто така во Пехчево.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА