Киву: Мурињо е специјален за мене, ми помогна кога ми беше најтешко

Интер го очекува пеколно тешка задача на вечерашното гостување на „Сантијаго Бернабеу“, а мечот е дополнително специјален за Кристијан Киву, кој за рривал на спротивната страна ќе го има својот поранешен тренер, Жозе Мурињо.

Токму Мурињо беше предводник на легендарната генерација на Интер што во 2010 година ја освои тројната круна, а во која покрај нашиот Горан Пандев стандарден беше и Критијан Киву.

„Жозе е навистина посебна личност, се чувствувам среќен што имав можност да го запознаам и да работам со него. Тој ми помогна во еден од најтешките периоди во животот, беше тука за мене и ми беше од огромна помош. Заедно делевме навистина прекрасни моменти кои засекогаш ќе ги паметам. Дали ми е тренерска инспирација? Не, јас имам сопствена визија за фудбалот“, истакна Киву.

Се вчитува...