Симон Кјаер конечно ќе си замине од Фенербахче откако данскиот интернационалец ги договори сите детали од трансферот во Севилја. Данецот веќе извесно време инсистираше на заминување од Истанбул, турскиот гигант не сакаше ни да чуе за продажба на својот најдобар дефанзивец, но раководството на Фенер попушти откако Севилја понуди 12 милиони евра за неговите услуги.
Шпанските медиуми јавуваат дека трансферот е договорен, а Кјаер утре ќе слета на аеродромот во Малага, по што ќе замине за Севилја на лекарски прегледи и потпис на четиригодишниот договор со својот нов клуб.
Данскиот ас ќе го наследи Рами во последната одбранбена линија на клубот од Андалузија, откако францускиот фудбалер се врати во татковината потпишувајќи договор со Олимпик Марсеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА