Кјелини го пропушта дербито со Милан

Јувентус ќе биде значајно ослабен за претстојното дерби со Милан откако беше обелоденето дека Џорџо Кјелини нема да може да му помогне на актуелниот шампион во пресметката со „росонерите“.

Одличниот дефанзивец заработи повреда на мускулот, па иако лекарските прегледи покажаа дека не станува збор за кинење, тренерот Алегри не сака да ризикува со настап на Кјелини против Милан, чувајќи го италијанскиот репрезентативец за следниот натпревар од ЛШ против екипата на Порто.

Покрај Кјелини, дербито со „росонерите“ ќе го пропушти и Квардадо, кој е суспендиран.

Се вчитува...