Кјелини: Каталонците се како ајкули, ако намирисаат крв…

Јувентус има три гола предност (3-0) против Барселона обезбедени по првиот меч од четвртфиналето на Лигата на шампионите, но в среда ќе гостува на „Камп Ноу“ и тоа дефинитивно не им гарантира дека ќе успеат да поминат во полуфиналето. Искусниот дефанзивец Џорџо Кјелини можеби на најдобар начин ги опиша фудбалерите на каталонскиот гигант, истакнувајќи дека тие се како ајкули. Ако намирисаат крв, тогаш се неверојатно опасни за противникот.

„Тие се како ајкули. Ако намирисаат крв, тогаш се двојно поопасни. Тоа ќе биде нашата прва задача. Да не им ’фрлиме крв’ на „Камп Ноу“. Да не им дадеме простор да се размавнат. Веруваме во своите квалитети и одиме во Барселона да одиграме уште еден одличен натпревар. Само така можеме да се надеваме на пласман во полуфиналето“, изјави Џорџо Кјелини.

Се вчитува...