Кјелини во шок: Какво разочарување, не знам дали ова ми беше последен меч за Италија

ЕКИПА во Палермо, Италија

Владимир Булатовиќ

Италијанските фудбалери не можат да веруваат што ги снајде на вечерашниот бараж со Македонија, во кој влегоа како големи фаворити, но теренот го напуштија со наведнати глави по минималниот пораз од 0-1 од нашиот национален тим.

Џорџо Кјелини влезе во игра во 90. минута и и требаше да внесе сигурност во одбраната, но токму по оваа замена Трајковски го постигна победничкиот гол за Македонија.

„Ова е огромен шок за сите нас, неверојатно разочарување. Мислам дека играта беше сосема добра, недостигаше само гол. Сите сме шокирани, но јас сум горд на моите репрезентативни колеги. Мислам дека сега не е време да зборувам дали ќе продолжам да играм за репрезентацијата, впрочем не сум ни сигурен што да кажам, прво треба да разговарам со селекторот Манчини“, истакна Кјелини веднаш по мечот.

Се вчитува...