Кјелце спречи сензација против клуб од Бахреин на Супер-глоуб

Полскиот Кјелце спречи вистинска сензација откако славеше со минимални 27-26 против бахреинскиот Ал Најма во натпревар од 1. коло на Светското клупско првенство Суперглоуб кој се игра во саудискиот град Дамам.

Големиот фаворит одлично го отвори натпреварот и со една рутинска игра успеа на полувреме да стигне до комотна предност од четири гола 17-13.

Сепак, ракометарите од Бахреин по стегнатоста која беше евидентна во првиот дел, конечно се опуштија и во второто полувреме одиграа одличен меч. Во неколку наврати успеваа да стигнат до негатива од само еден гол, а на две минути до крајот на мечот успеаја да стигнат и до водство 25-26. Сепак, до крајот големиот фаворит успеа да постигне два гола и да стигне до конечен триумф од 27-26.

 

Се вчитува...