Шокатниот трејд на Лука Дончиќ од Далас во Лос Анџелес Лејкерс се уште е топ тема во кошаркарската јавност. За него сега говорше и поранешниот сопственик на Маверикс, Марк Кјубан, кој беше прв човек на франшизата која во 2018 година го потпиша словенечкиот ас.
Дончиќ е миленик на Кјубан па доколку во 2023 година не се повлечеше од сопственост на Далас јасно е дека до овој трејд немаше да дојде. Истиот го опиша сликовито.
„Ако морам да бирам помеѓу тоа дали да го задржам Лука или мојата жена, ќе ме најдете кај адвокатот како се подготвувам за развод“, во свој стим прокоментира Кјубан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА