КК Ангели прифати – ќе игра во Првата лига

Кошаркарскиот клуб Ангели ја прифати поканата од КФСМ и во следната година ќе биде дел од Првата лига во нашата земја. Идејата на раководството на лигата за зголемување на бројот на учесници значеше и покана до Ангели за преземање на местото на Блокотехна, откако тимот од Кисела Вода прв доби покана како полуфиналист од ланската сезона во второлигашкото натпреварување (воедно и првопласиран во лигашкиот дел од една од двете втори лиги).

Само еден ден беше доволен за раководството на Карпош Ангели да донесе одлука и да прифати да стане дел од елитното друштво.

„Можам да потврдам дека денеска испративме писмо со кое одговоривме позитивно на поканата на федерацијата да станеме дел од Првата лига. Останува само уште претставници на КФСМ да дојдат во инспекција на салата и да дадат зелено светло за да можеме да играме во нашата населба. Општина Кисела Вода направи големи напори и во текот на летото ја реновираше салата, така што веруваме дека постојат сите услови за да играме прволигашка кошарка во салата „Независна Македонија“ пред кошаркарските приврзаници од Кисела Вода“ – истакна Благоја Кечовски, првиот човек на КК Ангели, за ЕКИПА.

Се вчитува...