Кошаркарскиот клуб Партизан продолжува со засилувањата во стручниот штаб и воено враќање на легендите во клубот. По Миленко Тепиќ, се врати и Новица Величковиќ поранешниот капитен кој важи за миленик на навивачите.
Како и Тепиќ, и Величковиќ ќе работи со младите кошаркари и тренери, потврди претседателот на клубот, Остоја Мијаиловиќ.
„Неделата не можеше да започне подобро! Со голема радост можам да кажам дека во Партизан и формано се враќа оној кој никогаш не не напушти – легендарниот Новица Величковиќ! Неговата позиција ќе биде многу важна за развој на младите играчи на теренот и надвор од него. Верувам дека не постои некој кој би им пренел на младите генерации што значи да се носи „црно-белиот“ дрес! Новица, среќно на новата задача“, стои во објавата на Мијиловиќ.
Величковиќ кој со Партизан освои повеќе од 10 трофеи до неодамна ја вршеше задачата тимски менаџер во Мега.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА