Пелистер во претходните сезони успеваше да обезбеди опстанок, а управата на битолскиот клуб веќе почна со составуваање на тим со кој би се кренале и амбициите – па „пелистерци“ во новата сезона да се борат за влез во Супер-лигата. „Зелено-белите“ веќе почнаа и со составување на ростерот, па меѓу првите потпишани играчи се Андреј Цветковски од Вардар и Јетмир Зекири од Кожув.
Задржани ќе бидат и Михајло Арсовски, Борјан Јовановски и центарот Мико Голубовиќ, а најавено е и останување на Американецот Билер, кој лани беше еден од најдобрите кошаркари во таборот на „пелистерци“.
Воедно, решено е и тренерското прашање за новата сезона, откако беше постигнат договор за едногодишна соработка со Зоран Тодоровиќ, кој останува на чело на тимот откако ланската сезона ги исполни зацртаните цели со изборениот опстанок во елитното друштво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА