КК Пелистер со засилување од Куманово

Кошаркарскиот прволигаш Пелистер го комплетираше ростерот за новата сезона потпишувајќи договор со српскиот плејмејкер Филип Думиќ, кој се обврза на едногодишна соработка со битолскиот клуб.

Станува збор за добро познат играч во македонската кошаркарска јавност со оглед на фактот дека Думиќ ланската сезона ја мина во Куманово. Думиќ беше еден од најдобрите кошаркари на кумановци минатата сезона, но реши летово да го напушти овој клуб и кариерата да ја продолжи во Битола.

Тој е вториот плејмејкер од Србија што „пелистерци“ го доведоа летово, по Владимир Враниќ. Исто така ангажиран беше и Израелецот Казарновски, кој претходно има настапувано за Карпош Соколи и за Блокотехна, а од домашните кошаркари ангажирани беа Цветковски, Зекири и Зафиров.

Се вчитува...