КК Работнички е добитник на наградата „13 Ноември“, од делот на спортот, на Град Скопје

Карате клубот Работнички е добитник на наградата „13 Ноември“ по повод 50 години постоење на клубот која официјално ја доби на свеченоста во МОБ како дел од прославата на 75-годишнината од ослободувањето на Скопје.

Наградата од рацете на Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ја прими проф. Венцислав Недев основач, тренер и претседател на КК Работнички.

На свеченоста присуствуваа повеќе каратисти членови на КК Работнички како и тренерите Дејан и Аљоша Недеви.

Се вчитува...