КК Работнички: Симиќ и Чековски остануваат да го водат клубот

Тони Симиќ и Ѓорѓи Чековски ќе продолжат да биде предводници на Работнички и во следниот период, велат од клубот. Најтрофејниот македонски колектив како по обичај се соочи со финансики проблеми, подлежеше и под притисок од навивачите кои истакнаа навредливи пораки на домашните натпревари на „црвено-белите“, но се чини дека сите проблеми се надминати.

Работнички во новата сезона влезе со нов прокет за кој доверба доби младиот стратег Тони Симиќ, а легендата на клубот умешно одговори на предизвикот. Тимот составен од млади кошаркари и „погодени“ странци се избори за седум победи по 12. одиграни натпревари и зимската пауза ја пречека на делба на четвртата позиција.

Соопштението на КК Работнички ви го пренесуваме во целост:

КК „Работнички“ децидно ги отфрла објавите што се појавија по одредени спортски медиуми за наводна смена на тренерот Тони Симиќ и стручниот штаб на клубот. Вистински предизвик е да се одржува и да се води најтрофејниот македонски кошаркарски состав и затоа и Општина Центар и КК „Работнички“ цврсто стојат позади тренерот Симиќ. Имајќи ги предвид тековните активности со формирањето на комисиите во новиот Совет на Општина Центар и смената на општинските раководства, Ве известуваме дека сите тековни проблеми, особено оние поврзани со неисплатените плати на играчите, наскоро ќе бидат надминати. Апелираме до спортските медиуми и новинари, да ги проверуваат информациите, да се повикуваат на релевантни извори и да не подлегнуваат на лаги и манипулации креирани само и единствено да нанесат штета на еден од најпознатите македонски кошаркарски брендови. Ве известуваме дека стручниот штаб на КК „Работнички“, предводен од двете легенди на македонската кошарка, Тони Симиќ и Ѓорѓи Чековски, остануваат да го водат клубот и имаат целосна поддршка како од раководството на „Работнички“, така и од Општина Центар.

Останува да видиме дали во вториот дел од сезоната Работнички навистина ги надминал финансиските проблеми и со кој ростер ќе излезе на мегдан со Феникс 2010. Поради неплатени долгови од клубот официјално замина Недим Мустафица, кој беше еден од лидерите на тимот заедно со Пол Џексон, а исти се и најавите за Американецот кој неофицијално има богати понуди од неколку клубови.

Се вчитува...