Цибона демантира дека оди во стечај

По вчерашната вест дека кошаркарскиот клуб Цибона поради големите финансиски долгови од 1 јуни оди во стечај, денеска стигна демант. Од трофејниот хрватски клуб велат дека работат стабилно и ќе продолжат да се натпреваруваат во оваа, но и во наредните сезони.

Ја известуваме јавноста дека КК Цибона работи стабилно и продолжуваме со настапите во домашните и во меѓународните натпреварувања, како во оваа така и во идните сезони. Информаициите што беа пласирани во медиумите во целост се невистинити. Играчите, тренерите, челниците и управата на клубот со помош на Град Загреб на кој сме горд симбол, ќе продолжат со својата работа и со заложбите да создаваме нови клупски вредности “ – пишува во соопштението објавено на клупскиот сајт на КК Цибона.

Соопштението од КК Цибона доаѓа по вчерашната изјава на нивниот поранешен кошаркар, тренер и претседател, Александар Петровиќ, дека поранешниот европски шампион од јуни веќе нема да постои.

Петровиќ образложи дека КК Цибона 69 дена не ги почитувала обврските од предстечајната спогодба и дека доколку продолжи така уште три недели, ќе се создадат сите услови за стечај.

Се вчитува...