Кларенс Сидорф именуван за нов тренер на Депортиво Ла Коруња

Легендарниот Кларенс Сидорф е назначен за нов тренер на Депортиво Ла Коруња. Холандскиот стратег ќе го води тимот до крајот на сезоната, а негова задача ќе биде да ја спаси екипата од испаѓање од Примера. Сидорф го менува Кристобал Парало, откако изминатиов викенд по негово водство Депортиво загуби со високи 5-0 на гостувањето против Реал Сосиедад.

По неговата брилијантна кариера во дресовите на Ајакс, Реал Мадрид, Милан, екипите со кои освои вкупно пет трофеи во Лигата на шампиони, Сидорф ја започна тренерската кариера на чело на „росонерите“ во 2014 година и ги предводеше на 22 натпревари, а краток период го предводеше и кинескиот тим Шенжен.

Се вчитува...