Kласата е вечна: Taдиќ го постигна голот на сезоната во Турција (ВИДЕО)

Фенербахче ја продолжува мртвата трка со Галатасарај за шампионската титула, oткако вечерва со 4-2 ја совлада Адана Демирспор на нашиот Јован Манев.

Потегот на мечот го имаше српскиот репрезентативец Душан Тадиќ кој го постигна најубавиот погодок во турскиот шампионат сезонава.

Во 70. минута Тадиќ на средина на теренот пресече една топка и со фантастичен шут го совлада противниот голман кој беше излезен на работ на шеснаесетникот.

Fenerbahce [3]-1 Adana Demirspor – Dusan Tadic 71′
byu/Meladroitdimage insoccer

Се вчитува...