Орландо меџик ги сумира впечатоците од сезоната која штотуку заврши за нив по поразот од Кливленд со 4-3 во источната конференција, па сега веќе се насочува кон слободните агенти.
Меѓу нив ќе биде и искусниот шутер на Голден Стејт, Клеј Томпсон кој, како што стојат работите, по 14 години ќе замине од франшизата од Сан Франциско.
На Орландо му е потребен добар шутер бидејќи тоа беше главна причина за поразот во серијата од Кливленд, а токму искусниот Томпсон е желбата на овој тим. На франшизата од Флорида и одговара и тоа што и кај Томпсон има заинтересираност за соработка со нив, па најверојатно тоа ќе биде еден од првите потписи летово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА