Кличко: Фјури нека го добие прво Вајлдер, па потоа може во ринг со мене

Легендарниот украински боксер, Владимир Кличко призна дека со задоволство би се вратил во рингот за меч против Тајсон Фјури. Додека британскиот боксер се подготвува за напад на титулата во ВБЦ категоријата против Дионте Вајлдер, Кличко даде свое мислење за мечот, но најави и враќање во рингот.

„Мое мислење е дека Вајлдер ќе го нокаутира Фјури. Меѓутоа, ако тоа не се случи, Фјури ќе победи со одлука на судиите. Многу го почитувам Вајлдер. Беше во мојот тренинг камп и навистина многу одработевме заедно. Одличен е дечко и фантастичен борец. Ако Фјури победи, тогаш може да добие реванш со мене“, изјави Кличко. 

Токму Фјури во 2015 година по повеќедецениска доминација успеа да го симне Украинецот од врвот на светскиот бокс, а го победи со судиска одлука.

Се вчитува...