Кличко се потсети на последната борба во кариерата: Му пуштив на Џошуа да победи… (ВИДЕО)

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Владимир Кличко се потсети на последната негова борба во кариерата која беше пред точно три години. Загуби од Ентони Џошуа со нокаут во 11-та рунда.

Беше Кличко блиску до победата, го испрати Британецот на под но во 11-та рунда доби аперкат кој за него значеше пензија.

„Пред три години му пуштив на Ентони Џошуа да ме победи. Ми беше жал за него и го оставив да ме победи и да се радува…“ – вели Кличко, но веднаш дополнува:

„Секако се шегувам. Тој е голем шампион. Заслужено победи“.

Кличко во пензија замина со 64 победи и пет порази.

Се вчитува...