Клиперс го прегазија Сан Антонио, Харден-Вестбрук шоу во Аризона (ВИДЕО)

Лос Анџелес Клиперс и натаму се третиот најуспешен тим во НБА сезонава, ја забележаа 22 победа триумфирајќи убедливо на гостувањето кај Сан Антонио со 109-134. „Клиперс“ немаа вооппто тешка задача, беа доминантни во целиот меч, а лидер беше Каваи Ленард кој постигна 26 поени, имаше и девет асистенции и седум скокови. Лос Анџелес Клиперс се втори на Запад. Сан Антонио е десеттопласиран.

Речиси по слично сценарија се одвиваше дуелот меѓу Хјустон и Феникс. Хјустон беше доминантен во пресметката во Аризона, триумфираше со 125-139, а Џејмс Харден постигна 47 поени. Имаше шест скока и седум асистенции. Поддршка имаше во Расел Вестбрук кој постигна 30 поени. Хјустон е четвртопалсиран во Западната конференција со биланс 20-9, а Феникс е на 11. место со ефект 11-18.

НБА резултати:

Бруклин  – Атланта  (122:112), Детроит – Чикаго  (107:119), Филаделфија – Вашингтон (125:108), Њујорк – Милвоки (102;123), Мемфис – Сакраменто (119:115), Сан Антонио – ЛА Клиперс (109:134), Феникс – Хјустон (125:139) и Портланд – Минесота (113:106).

Се вчитува...