Кевин Дурент и Каваи Ленард заеднички ќе преговараат за трансфер во ист тим. Ѕвездите на финалистите на НБА лигата разговарале за обединување во една франшиза.
Во моментов тимови кои во кои можат да го реализираат тоа се Лос Анџелес Клиперс и Њујорк. Дурент и Ленард планираат да разговараат со двата клуба веднаш штом ќе почне период0т на слободни агенти.
Секако двајцата играчи ќе имаат и посебни состаноци со повеќе екипи. Ленард ќе се сретне и со Лос Анџелес Лејкерс, но и со досегашниот клуб Торонто. И Дурент ќе има состанок со досегашниот тим, Голден Стејт, но и со Бруклин.
Ленард и Дурент се најзвучните имиња меѓу слободните агенти. Каваи ја одби опцијата за дополнителна сезона во Торнто и стана неограничен слободен агент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА