Клиперс конечно победија, Дерек Роуз ја доби драмата со Феникс (ВИДЕО)

Лос анџелес Клиперс конечно ја прекинаа црната серија порази и по пет последовни неуспеси забележаа победа добивајќи ја пресметката со конференцискиот ривал, екс-шампионот, Сан Антонио. Клиперс славеа со 103-95 во дуелот во кој наjвпечатлив беше Тобајас Херис кој постигна 27 поени, имаше и по 9 скока и асистенции. Клиперс сега имаат биланс од 25/21 и се на осмото место во Запaдната конференција. Сан Антонио со ефект од 27/21 го држи петтото место на Запад.

Со поените на Дерек Роуз на 0.9 секунди пред крајот на натпреварот, Минесота со 116-114 го победи најслбиот тим во лигата, Феникс. Минесота на 114-114 имаше 20 секунди за напад во кој одговрноста ја презеде Роуз кој го донесе тирумфот. Тој дуелот го заврши со 31 поен од кои 29 во втортото полувреме.

Третопласираниот тим во Источната конференција, Индијана, на домашен паркет убедливо со 120-95 го победи Шарлот и дојде до  31. сезонска победа. Виктор Оладипо со 21 поен беше прв стрелец во успехот. Кај Шарлот кој со ефект од 22/24 е на осмотот место на Исток, Кемба Вокер средбата ја заврши со 23 поени.

Се вчитува...