ЛА Клиперс планираат нова сала, лого и промена на името?

Лос Анџелес Клиперс заврши одлична работа летово доведувајќи ги во своите редови Каваи Ленард и Пол Џорџ, а сосптвеникот на клубот Стив Балмер се надева дека конечно неговиот тим ќе излезе од сенката на далеку попознатиот градски ривал „Лејкерс“.

Балмер говороше и за долгорочните планови на клубот, а еден од нив е изградба на нова сала која се планира да биде готова до 2024 година, а да биде изградена во предградието на градот, Инглвуд. Многу шпекулираа дека тој би сакал клубот да го пресели во неговиот роден Сиетл, но со одлуката за градење сала ги демантираше сите шпекулации.

„Се надевам дека до завршувањето на изградбата на салата нашето лого ќе биде различно. Можеби тоа воопшто нема да биде лого на „Клиперси“ туку на некој од нашите спонзори. Имаме единствена шанса да го одведеме нашиот идентитет на ново ниво. Не можам да кажам дека очекувам промена на името, но тоа е една од работите кои што можеме да ги направиме, секако во договор со навивачите“, изјави Балмер. 

Се вчитува...