Победа на Лос Анџелес Клиперс над Шарлот Хорнетс од 123-88, во трите натпревари одиграни ноќеска во НБА лигата. Со тоа Клиперси лесно ја оправдаа улогата на фаворити.
Од резултат 13:13, домашните започнаа серија од 14:3 за сигурно водство кое го одржаа до самиот крај.
Тројцата носители на Клиперс беа немилосрдни. Џејмс Харден постигна 31 поен, 10 скока и седум асистенции. Кави Ленард го следеше со 23 поени, шест скока и пет асистенции. Ивица Зубац забележа 17 поени, 14 скока и осум асистенции.
Кај гостите најмногу се истакна Марк Вилијамс со 18 поени и 15 асистенции. Ламело Бол заврши со 16 поени.
Во дербито, Милвоки на домашен терен беше поразен од лидерот на западот Оклахома. Со тоа е прекината серијата од две победи на Бакси, кои мечот го загубија „благодарение“ на слабата игра во втората и третата четвртина.
Гил-Александер имаше уште една блескава партија и постигна 31 поен. Кај Милвоки најефикасен беше Адетокунбо со 21 поен.
НБА, РЕЗУЛТАТИ
Л.А. Клиперс – Шарлот 123:88
Минесота – Јута 128:102
Милвоки – Оклахома 105:121
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА