Клиперс се „газдите“ во Лос Анџелес

ЛА клиперс стигна до триумф во градското дерби против ЛА лејкерс, славејќи над соседите со 107-118, максимално користејќи го отсуството на Леброн Џејмс од тимот на „езерџиите“. Лејкерси беа дури и подобар противник се до финишот од третата четвртина, кога кошаркарите на ЛА клиперс влегоа во серија, постигнувајќи 21 поен во низа, вртејќи го резултатот во своја полза и на крајот заслужено радувајќи се на победата. Лу Вилијамс беше најефикасен со 36 поени, Галинари учествуваше со 19 поени во овој триумф на клиперси, додека кај ЛА лејкерс најдобри поединци беа Кузма со 24 и Бол со 19 поени.

Лука Дончиќ го одигра својот најефикасен натпревар во НБА постигнувајќи 34 поени за Далас на гостувањето во Њу Орлеанс. Сепак, и тоа беше недоволно да се стигне до победа бидејќи домаќините во своите редови го имаа феноменалниот Ентони Дејвис, кој го заврши натпреварот со 48 поени и 17 скокови.

Торонто го загуби епитетот „најдобар тим на Истокот“ откако загуби со убедливи 116-87 од Орландо. Клучен играч беше Црногорецот Вучевиќ, кој реализираше дабл-дабл од 30 поени и 20 скокови, предводејќи ги „магичните“ до убедлива победа.

Резултати НБА:

Шарлот – Бруклин 100-87, Индијана – Детроит 125-88, Орландо – Торонто 116-87, Вашингтон – Чикаго 92-101, Мајами – Кливленд 118-94, Минесота – Атланта 120-123 (по прод.), Њу Орлеанс – Далас 114-112, Денвер – Сан Антонио 102-99, Феникс – Оклахом сити 102-118, ЛА лејкерс – ЛА клиперс 107-118,

Се вчитува...