Кливленд ги одмараше најдобрите, па загуби убедливо од Мајами

Кливленд кавалирс е актуелен шампион во НБА-лигата, но тоа е само мотив мовеќе за Мајами хит, тимот од каде Леброн Џејмс си замина за да се врати назад во Кливленд. Кошаркарите на Мајами славеа на петте средби на домашен терен против Кливленд по заминувањето на Леброн, вклучувајќи ја и оваа синоќешната изразена со убедливи 120-92. Мора да се истакне дека Кливленд настапи ослабен, без помошта на Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг, кои добија заслужен одмор, како и без повредените Кевин Лав и ЏејАр Смит, во чие отсуство играчите кои вообичаено се резерви не ја искористија шансата, па шампионот претрпе убедлив пораз.

Мајами го отвори мечот со осум тројки од првите 12 обиди, создавајќи си предност што домаќините потоа ја зголемуваа до самиот крај. Горан Драгиќ беше најефикасен со 23 поени, Вајтсајт оствари дабл дабл од 20 поени и 13 скокови, додека Корвер беше прв стрелец на Кливленд со 15 поени.

Денвер неочекувано загуби на домашен терен од Шарлот со 102-112 и покрај одличниот настап на Никола Јокиќ (31 поен и 14 скокови), додека Минесота и покрај големата битка не успеа да стигне до изненадување во Сан Антонио, па „мамузите“ по дополнителните пет минути славеа со 97-90.

Резултати НБА:

Филаделфија – Детроит 106-136, Милвоки – Торонто 101-94, Мајами – Кливленд 120-92, Чикаго – ЛА клиперс 91-101, Сан Антонио – Минесота 97-90 (по прод.), Хјустон – Мемфис 123-108, Денвер – Шарлот 102-112, Портланд – Бруклин 130-116.

Се вчитува...