Кливленд го сака на клупата творецот на извонредната одбрана на Денвер

Кливленд доби дозвола да го интервјуира Вес Ансилд јуниор, кој е помошник тренер во стручниот штаб на Денвер нагетс.

Кливленд е во потрага по нов тренер, а еден од кандидатите е токму асистенот на Мајк Мелоун.

Вес е и тоа како познат во кошаркарската јавност во САД како дефанзивен координатор на Денвер и еден од најзаслужните за големиот напредок на тимот во овој сегмент.

Се вчитува...