Кливленд славеше против Милвоки со 102-95 во еден од најинтересните мечеви на вечерта во НБА лигата. Ирвинг запиша 25 поени, а Леброн Џејмс заврши со „дабл-дабл“ од 24 поени и 10 скока во триумфот на Кливленд.
Голден Стејт, пак, славеше против Филаделфија со 119-108 на гостински терен стигнувајќи до својата 50-та победа. „Воините” имаа само три поени предност на полувремето, но со одлична игра во третиот период на направија разлика која потоа ги однесе до победата. Стеф Кари постигна 19 поени во победничкиот состав, во кој најдобар беше Кевин Дурант со 27 поени.
Минесота славеше против Сакраменто на гости со 88-102, во мечот во кој до победата ги предводеше Карл-Ентони Таунс со 29 поени и 17 скока, а најдобро го следеше Ендрју Вигинс со 27 поени. Српскиот репрезентативец Немања Бјелица мечот го заврши со „дабл-дабл“ од 10 поени и 12 скока, а имаше и по две асистенции и украдени топки.
Во поразениот состав по 14 поени постигнаа Бекламур, Куфос и Вили Коли-Штајн.
Демар ДеРозен запиша 12 поени во последните три минути од мечот за победа на Торонто од 92-91 на дуелот со Њујорк никс. Дерозан натпреварот го заврши со вкупно 37 постигнати поени.
НБА РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Милвоки 102-95, Њујорк – Торонто 91-92, Филаделфија – Голден Стејт 108-119, Бостон – Атланта 98-114, Далас – Мајами 96-89, Хјустон – Индијана 108-117, Сакраменто – Минесота 88-102
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА